Зашто на вашето дете му треба 7 пати повеќе витамин Д?
Првиот роденден на вашето дете е многу важен чекор во понатамошниот развој. Вашето дете почнува активно да го изстаржува светот околу себе. Иако вашето дете има голем апетит, тоа е се уште дете, а не веќе возрасен човек. Затоа е многу важно исхраната да биде прилагодена според возраста се додека детето не тргне на училиште. За формирање на здрави коски, на вашето малечко му треба 7 пати повеќе витамин Д отколку на вас.
Калциум и витамин Д важни се за градење на јаки коски.
Калциумот е важен градивен елемент за коските. Витаминот Д е неопходен за нормален развој на коските и забите и има големо влијание на имуниот систем, кој до третата година од животот не е целосно развиен. Освен витаминот Д, витамините А и Ц исто така помагаат во развојот на имуниот систем.
Нашето тело може само да произведе витамин Д со помош на сончевите зраци и да ги зголеми нивоата на витамин Д. Ова сепак не е секогаш возможно, особено не во текот на зимските месеци. Во текот на летото, користењето на креми кои се со висок фактор за заштита, води до недоволна синтеза на витамин Д. Токму поради ова, многу е важно користењето на други извори на витамин Д. Постојат само неколку продукти кои може да му обезбедат на телото доволни количини од овој важен витамин. Теоретски, без директно изложување на сончеви зраци, за да имаат доволен внес на витамин Д децата би требало дневно да изедат 10-12 јајца, или 1kg печурки, или 1.5kg сирење или повеќе од 125g лосос.
Студија која беше неодамна изработена исто така укажува на влијанието на различните годишни времиња. Самата студија покажа дека децата обезбедуваат доволна количина на витамин Д само во текот на летните месеци, бидејќи повеќе од 90% од витаминот Д се произведува во кожата, а само 5-10% се добива од храната.
Со HiPP 3 Junior COMBIOTIC® може да се надомести потребната количина од витамин Д. Студијата на Hower и неговите соработници од 2013 година покажа дека е можно да се спречи падот под нормалните нивоа на витаминот Д во текот на зимските месеци со користење на HiPP 3 Junior Combiotic®. Дури е возможно и да се зголемат нивоата на витамин Д.