Цуцли лажалки

Многу бебиња почнуваат да ги цицаат палчињата додека се уште во стомакот на мајката, и продолжуваат да имаат силен нагон за цицање и после раѓањето. Тие го цицаат палчето кога се гладни, но и кога се уморни или вознемирени. Цицањето на палчето ги опушта и смирува. Постојат различни „предмети” кои ја задоволуваат желбата за цицање на бебињата: освен дојката на мајката, најчесто цицаат цуцли или пак палчето, а исто и  некоја играчка или пак ќошето од ќебенцето знаат да бидат добредојдени. Ретко се случува бебињата да немаат потреба да цицаат и за повеќето бебиња цуцлите им се верен придружник во текот на првата година.

Цуцли – да или не?

За предноста и недостатокот од користење на цуцлите сеуште се дебатира и се предмет на многу студии. Користењето на цуцлите секако има свои предности но и недостатоци. Цуцлите им помагаат на бебињата да се успијат и да се смират во текот на попладневното и ноќното спиење. Повеќето бебиња наоѓаат начин да си помогнат на себеси кога станува збор за цицање, на пр. ќе почнат да го цицаат палчето или пак ќошето од ќебенцето, затоа е подобро да им се понуди цуцла.

Од друга страна, цуцлата има репутација дека пречи на развојот на вилицата. Меѓутоа во поново време, многу од цуцлите се дизајнирани во соработка со стоматолози и ортодонти со цел да се обезбеди анатомски облик на цуцлата кој нема да влијае на развојот на вилицата, и да е безбедна за користење како предмет за смирување во текот на првите години. 

Која цуцла?

Цуцлите се направени или од синтетички силикон или од природен латекс (природна гума).

Природниот латекс е малку помек и може да предизвика алергија кај некои бебиња. Исто така цуцлите од латекс имаат пократок век на траење бидејќи со текот на времето стануваат порозни.

Силиконските цуцли се направени од многу густ материјал и поради тоа се помалку еластични. Овие цуцли лесно се оштетуваат од малите запчиња и поради тоа редовно треба да ги проверувате дали на нив има пукнатини. Ако пукнатините се видливи, цуцлата треба да се замени со нова.

Сепак на крајот, вашето бебе ќе определи кој материјал ќе го одбере. Дадете им да пробаат неколку и да одлучат која најмногу че им се допадне!

Одвикнување од цуцла

Се препорачува децата да се одвикнат од цуцлата во периодот помеѓу втората и третата година, бидејќи цицањето може да биде штетно за непцата од одредена возраст. Секако побарајте совет и од вашиот педијатар или стоматолог. Одвикнувањето од цуцла кај поголемите деца може да оди потешко, но и не мора да е така. Во продолжение прочитајте, неколку методи кои може да ви помогнат вам и на вашето дете во овој период:

  • Полека, но сигурно намалете го периодот од време кој детето го поминува со цуцлата и ограничете го нејзиното користење во определени периоди од денот (на пр. при заспивање).
  • Дадете ја цуцлата како поклон на друго бебе и објаснете му на вашето дете дека на бебето му треба многу повеќе, бидејќи вашето дете сега е веќе голем/а дечко/девојка.
  • Договорете посета на самовилата за цуцли! Заедно со вашето дете оставете ја цуцлата пред влезната врата или на прозор. Самовилата за цуцли во текот на ноќта ќе ја земе и ќе остави на нејзиното место мал подарок.
  •