Говорот на телото кај бебињата

Можеби бебињата не знаат да зборат, но многу добро знаат да ги изразат своите желби и потреби преку говорот на телото. Што значи тогаш мрштењето на бебињата или пак клоцањето со ноџињата?

Уста

Весело или насмеано дете: овој сигнал не е можно погрешно да се протолкува. Бебињата кога се смеат, тие се среќни и задоволни. На бебињата не им треба посебна причина за да бидат среќни. Со насмевката и смеењето вашето бебе ви кажува: “Супер сум!”

Вообичаено бебињата ..... со устето или ги цицаат нивните прстиња, кога се гладни. Меѓутоа доколку последниот оброк бил неодамна или пак не покажуваат друг знак дека се гладни, тие со цицањето се обидуваат да се смират – инстиктивен рефлекс присутен кај многу бебиња.

Очи

Кога вашето бебе ве гледа со широко отворени очи, можеби се обидува да ви каже нешто: родителите брзо учат да препознаат дали нивното бебе со широко отворени очиња внимателно ги следи, дали е среќно, исплашено или зачудено. Кога очите на бебето изгледаат мали, со полузатворени капаци, можеби тоа е уморно или пак му е досадно.

Подигнатите веѓи се сигнал дека бебето е изненадено. Брчките околу очите и на челото може да се знак дека не се осеќа добро.

Кога бебињата гледаат “низ вас”, тие се во процес на исклучување и опуштање и веројатно сакаат мир и тишина.

Рачиња и ноџиња

Бебињата кои мавтаат со рачињата и ноџињата, тоа го прават од различни причини. За да можете правилно да ги протолкувате и да погодите што точно бебето сака, треба внимателно да го следите секое движење. Понекогаш, бебињата клоцаат со ноџињата за да привлечат внимание и да си играат. Доколку бебињата клоцаат нервозно, тоа може да е знак дека нешто ги мачи на пр. грчеви или гасови. Бебињата кои се смеат гласно додека клоцаат едноставно се среќни и уживаат во животот!

Говорот на телото кај бебињата е уникатен и не може секогаш јасно да се толкува. Меѓутоа, како родителите го запознаваат се повеќе своето бебе, постепено се учат правилно да ги прочитаат сигналите на бебето кои ги испраќа и да разберат што сака да им каже.