HiPP Eco-Comfort-Pack пакување
Кога е во прашање подготовката на млечната формула за вашето бебе, времето е од суштинско значење.
Благодарение на HiPP Eco-Comfort-Pack пакувањето, подготовката е сега уште полесна и вашето малечко нема да треба да ја чека долго млечната формула. При создавањето на новото пакување не внимававме само на лесното ракување, туку исто така се грижевме и за природата.
...и повеќе еколошки
HiPP верува во оддржливоста. Со Eco-Comfort-Pack пакувањето, дополнително допринесуваме за заштита на околината. Поради тоа во многу од пакувањата од млечните формули има само една кесичка, со што се намалува емисијата на CO2, и истовремено ракувањето го прави полесно.
Освен тоа, мастилата кои се користат за печатење се од растително потекло. Картонот кој се користи е FSC-сертифициран (Forest Stewardship Council), и исто така го покажува нашиот одговорен однос кон природата бидејќи се заложува за одржливо управување со шумите за доброто на сегашните и генерациите кои доаѓаат.
Сите делови од пакувањето, може одделно да се рециклираат.