Кога бебињата се смеат...
...родителите се чувствуваат како да им се топи срцето – и непроспиените ноќи и исцрпувачкото секојдневие наеднаш се чинат вредни. Првата бебешка насмевка е долго очекуван и вистински посебен момент. Иако првите обиди на бебето за насмевка може да се ненамерни, моментите кога мислиме дека гледаме насмевка на лицето на бебето се вистински благослов.
Рефлексна насмевка
Насмевката која ја гледаме во текот на првите недели од животот на новороденчето е рефлекса насмевка, предизвикана од инстинктивно затегнување на мускулите кое прави да изгледа како бебето да се насмевнува. Ова најчесто се случува додека новороденчето спие. Ако имате среќа, овој израз можете да го видите и на една од сликите од ултразвукот, дури и пред раѓањето.
Емоционална насмевка
Нема правило кога бебето ќе почне намерно да се смее. Повеќето бебиња ќе почнат со “вистинската” насмевка во која се вклучени и очите кога се на возраст од околу пет недели. Од тој момент па натака тие ќе им се насмевнуваат на сите кои се пријателски расположени кон нив.
Специфична насмевка
Специфичната насмевка на бебето вообичаено е резервирана за родителите или мал број на други луѓе кои добро ги познаваат. Повеќето бебиња почнуваат да ја прават специфичната насмевка кога се на возраст околу пет месеци. Овие насмевки се особено изразени и среќни. Вашето бебе сега го препознава вашиот лик и ликовите на луѓето со кои поминува најдолго и на нив посебно реагира.
Нема потреба да го учите вашето бебе како да се смее – смеењето е вродена е вродена способност која ќе се развие сама по себе. Исто така нема да можете да го принудите бебето да се смее. Иако правењето смешни гримаси, голицкањето и смешните игри може да бидат од помош, од бебето ќе добиете насмевка само ако навистина му се допадне тоа што ќе го види! Всушност таа искреност ја прави насмевката на детето една од безцените работи во животот кои не може да се купат.