Подготовка на млечна формула за надвор – совети за подготовка на формула кога сте излезени надвор од дома
Прва прошетка, преглед кај педијатар или посета на баба и дедо – вие и вашето бебе нема да сте секогаш дома каде можете да ја спремите спокојно млечната формула.
Кога времето е од најголемо значење, сетете се на овие проверени и испробани совети:
1. Превријте ја водата дома и оставете ја полека да се олади
2. Откако водата ќе се олади до отприлика 50°C, истурете ја во чист термос
3. Измерете ја точната количина млечна формула (во прав) и поставете ја во чист и сув сад
4. Спакувајте сè
5. Кога вашето бебе ќе огладне, измешајте ја млечната формула (во прав) и водата во шише, добро протресете и можете да го нараните.