Капење и Миење
Повеќето бебиња го сакаат времето за капење и се во полн елемент во пријатно топла вода!
Како да го направите капењето забавно
- Идеалната температура на водата е околу 36°C. Температурата во собата треба да е околу 24-25°C
- Со цел да се заштити кожата од исушување, производите HiPP Babysanft Гел за капење или HiPP Babysanft Шампон и гел за капење “Фока” се идеално благи производи кои ја навлажнуваат кожата.
- Во првите неколку месеци, бебињата не треба да се капат повеќе од 5-7 минути 1-3 пати неделно.
- Никогаш не го оставајте без надзор вашето дете во бањата!
- Иако бебињата всушност не се многу валкани, темелното чистење сепак е многу важно. HiPP Babysanft Гел за миење коса и тело ја чисти чувствителната кожа и меката коса особено нежно и го одржува заштитниот киселински слој на чувствителната кожа.
- Некои бебиња не сакаат да им се мие косичката. HiPP Babysanft Беби Шампон ја чисти нежната бебешка коса и ја прави мека и сјајна. И најдобрата работа е: HiPP Babysanft е особено нежен за очите. За подолга коса, ви го предлагаме HiPP Babysanft Шампон за лесно расчешлување, кој се грижи да можете да ја исчешлате косата без да ја влечете.
- Совет: за измивање, користете памучна крпа или кофичка за полевање.
- Загрејте ја крпата за после капење, вашето малечко ќе го сака тоа!
- После капење нежно нанесете го кремот.