Масажа на бебиња
Природна и нежна грижа
Накусо важни информации
Нежниот контакт со кожата е речиси од витално значење за бебињата. Беби масажата е особено пријатен начин за оддржување на близок контакт на мајката со нејзиното бебе и му дава чувство на безбедност и заштита.
Редовна масажа на бебиња
- Го промовира развојот на наервните клетки и моторните функции
- Има релаксирачки и смирувачки ефект
- Може да ја зајакне емотивната врска со мајката и таткото
Наши совети
· Собата за масажа треба да е топла и пријатна
· Избегнувајте притисок во случај на недостаток на време бидејќи вашата нервоза се пренесува на бебето
· Користете бебешко кебенце или меки крпи за да го легнете вашето бебе
· Дури и при редовна масажа, точното време нема да е секогаш во ист период од денот. Бебето треба да е будно и да не е многу изморено. Масажите не треба да се прават веднаш после јадење или доколку бебето е болно.
· Вашите раце треба да се топли и да немате долги нокти. Не носете никаков накит кој би можел да ја направи непријатна масажата за вашето бебе.
Непожелна масажа?
Пред секоја масажа треба да го земете во предвид расположението на вашето дете. Доколку вашето дете засилено прета со ноџињата, временскиот период веројатно не е добар за масажа. Доколку вашето бебе плаче за време на масажата, обидете се да го смирите и потоа продолжете. Доколку вашето дете сеуште не е спокојно, одложете ја масажата.