Микропластика: Мали честички – големо влијание
Терминот “микропластика” се почесто се појавува во дискусиите за заштита на животната средина. Но, што е микропластика? Ние ќе ви го дадеме одговорот:
Што е микропластика?
HiPP Babysanft производите за нега на кожа никогаш не содржеле микропластика.
Под терминот „микропластика” се подразбираат нерастворливи цврсти честички кои се помали од 5 милиметри.
Микропластиката може да биде „примарна” и „секундарна”:
- Некои производители свесно користат примарна микропластика како состојка на козметичките производи. Тие вообичаено служат како абразивни честички во пастите за заби, пилинзите или геловите за туширање.
- Секундарната микропластика, од друга страна, е добиена од распаѓање на поголеми пластични остатоци. Пример за ова се пластичните кеси кои се претвораат во микропластика, загадувајќи ги нашите мориња и океани.
Што значи термините “примарно” и “секундарно” се однесуваат на потеклото на микропластиката.
Загадување на животната средина од цврста микропластика
Што се течни полимери?
Течните полимери се синтетички произведени пластики. За разлика од микропластиката, овие полимери не се цврсти честички во козметичките производи туку течни состојки од производот. Течните полимери исполнуваат различни функции во козметичките производи (но не и во HiPP), на пример:
- го зголемуваат вискозитетот во шампоните
- формираат филм на кожата правејќи ја мека на допир
Која е разликата помеѓу микропластика и течни полимери?
„Микропластика” и „течни полимери” се термини кои за жал често се користат како синоними.
Сепак, микропластиката се секогаш цврсти честички. Обликот може да биде различен – од округли честички до долги, тенки влакна кои се помали од 5mm. Од друга страна, течните полимери во козметичките производи никогаш не се присутни како цврсти честички , туку се секогаш како дел од растворот или емулзијата.
Како микропластиката и течните полимери влегуваат во животната средина?
Покрај цврстата микропластика, течните полимери се повеќе се предмет на јавна дебата бидејќи тие се тешко биоразградливи или воопшто не се биоразградливи.
Повеќето микропластики и течни полимери кои се користат во производите за туширање или шампоните при исплакнувањето со вода влегуваат во пречистителните станици со отпадна вода, каде што се задржуваат во талогот од отпадните води. Во Германија, најголемиот дел од овој отпад се спалува, но делумно се користи и како ѓубриво за полињата.
Микропластиката или течните полимери кои се користат во кремите и лосионите, исто така завршуваат во нашата животна средина преку капење или туширање, или пак преку перење на алиштата и користените крпи.
Течни полимери во HiPP?
Заштитата на здравјето и животната околина е нашиот апсолутен приоритет. Не се познати податоците за еколошките проблеми поврзани со растворените или емулгирани полимери. Меѓутоа, бидејќи тие не се биоразградливи, како мерка на претпазливост, ние не сакаме да ги користиме во нашите производи.
Ново:
Производите кои го имаат овој печат, не содржат микропластика. Ниту во цврста ниту во течна форма!