Одржливо пакување во HiPP
Преработка на отпадот – Што всушност се случува со нашиот отпад?
Отпадот е неправилно депониран материјал кој што може да се рециклира. Преостанатиот отпад во голема мера се согорува и со тоа се рециклира на најдобар можен начин.
Материјалите кои може да се рециклираат потребно е да се собираат посебно и да се сортираат за да може да се рециклираат. Тоа значи: Суровините добиени од ова може, на пример, да се користат за производство на нови кеси за ѓубре, саксии и корпи за пазарење. Во идеален случај се користат за производство на нова амбалажа. Колку подобро потрошувачите ги одвојуваат различните компоненти на пакувањето (на пр. отстранување на алуминиумското капаче од чашката за јогурт), толку подобро може да се рециклираат.
Што значи рециклирање и зошто е тоа важно?
Колку е поголема можноста за рециклирање на пакувањето, толку повеќе од него може повторно да се употреби по отстранувањето. Високата можност за рециклирање е услов за производство на рециклиран материјал, што го прави основа за добро управување со рециклирањето. Во просек, 90% од пакувањето на нашите HiPP Babysanft производи може да се рециклира.
Зошто HiPP пакувањето нема можност за 100% рециклирање?
Некои делови од пакувањето, како што се мастилата за печатење и лепилата, го попречуваат процесот на рециклирање. 100% можност за рециклирање исто така е невозможна поради некои неопходни сложени материјали. Само проѕирните и непечатени пакувања имаат можност за 100% рециклирање. Сепак, овој вид на пакување не може да ја обезбеди потребната заштита УВ за чувствителната содржина. Затоа можноста за рециклирање на нашето пакување е толку висока колку што дозволуваат производствениот процес и соодветните производи. HiPP Babysanft Млечниот лосион, на пример, има можност за рециклирање од 99%, бидејќи капакот и шишето се направени од ист материјал.
Што точно е рециклиран материјал? Од каде доаѓа и како може да се користи?
Најпознатиот рециклиран материјал веројатно е рециклираната хартија. Во основа, рециклираниот материјал е производ од процесот на рециклирање. Пластиката е исто така материјал кој често може да се рециклира. Меѓутоа, рециклираната пластика не може да ја постигне „чистотата“ која е потребна за пакување на храна.
Ситуацијата со стаклото и алуминиумот е сосема поинаква: Рециклираното стакло или алиминиум совршено може да се користи за производство на нови пакувања за храна, бидејќи тие се обработуваат на многу висока температура за време на процесот на рециклирање, со што се елиминираат сите нечистотии.
Зошто не користиме рециклирана пластика за производство на ново пакување?
Ние веќе користиме рециклирано стакло во материјалите кои доаѓаат во контакт со храната, како што се нашите стакленки за храна за бебиња. За нас во HiPP е од голема важност квалитетот и безбедноста на пакувањето како и материјалите кои се користат за пакување. Тоа е затоа што благосостојбата и безбедноста на бебињата и малите деца се наш главен приоритет.
Имајќи предвид дека најновата состојба на технологија во селектирањето, сечењето и миењето на отпадната пластика не обезбедува доволно висок квалитет на материјалот, користењето на рециклирана пластика во пакувањето за бебешка и детска храна не е опција за нас.
Рециклираните материјали може да бидат добри како и изворот од кој се направени. Во моментов, собирањето на отпадна пластика не прави разлика помеѓу пакувањата за храна и пакувањата за лекови, детергенти, моторно насло итн. Ова значи дека пластиката не се раздвојува според потекло или чистота, туку само според видот на пластика.
Меѓутоа, ние постојано ја испитуваме употребливоста на рециклирана пластика за пакување на нашите HiPP Babysanft производи.
Зошто е во ред користењето на рециклиран материјал за картонските кутии?
Во HiPP, ние користиме рециклирани материјали за нашите картонски кутии, секогаш кога тие не доаѓаат во директен контакт со содржината на производот. На пр., во нашиот HiPP Babysanft асортиман сите картонски кутии се изработени од најмалку 80% рециклирана хартија.