Упатство за бебзбедност
Во случај на контакт со очите и устата
HiPP Babysanft производите не се токсични. Сепак, тие не се соодветни како играчки за деца. Ве молиме не ги оставајте децата да си играат со производи козметика (без надзор). Погрижете се производите да се затворени и надвор од дофатот на вашето дете.
Што да направите доколку сепак нешто се случи:
1. Обидете се да го смирите вашето дете (ако е потребно) така што вие ќе бидете смирени. Вашата смиреност се пренесува на вашето дете.
2. Доколку од козметичкиот производ влезе во окото на вашето дете, обидете се темелно да го измиете окото со чиста, млака вода
3. Доколку вашето дете голтне од козметиката:
- Обидете се да ја исплакнете устата на вашето дете со чиста вода.
- Дајте му на детето чаша вода да се напие
- Не предизвикувајте повраќање. Не му давајте на детето да пие млеко или солена вода
- Доколку детето повраќа, држете го детето така што главата ќе е пониско од желудникот
4. Доколку иритацијата и симптомите продолжат, или пак за да сте посмирени, контактирајте доктор.