Креми за сонце и ризик од изгореници
Креми за сонце - изберете ги оние кои се наменети за бебиња и мали деца
Бидете сигурни дека кремите за сонце кои ги купувате се наменети за бебиња и мали деца. Користете креми без парфеми, бои и конзерванси, кои нема дополнително да ја иритираат чувствителната бебешка кожа. Нанесувајте од кремот после секој контакт со вода, дури и ако кремот е водоотпорен. Со нанесување на повеќе крем, не се зголемува времето на заштита!
Внимавајте кога нанесувате од кремот да не ги заборавите ушите, табаните и делот околу очите, ако главата не е покриена со шапка.
Опасност од изгореници
Изгорениците од сонце не се само непријатни и болни за бебињата, туку и ја зголемуваат можноста од развој на рак на кожата.
Да, вистина е, “кожата никогаш не заборава“. Ризикот од развој на рак на кожата се зголемува, особено во текот на детството и раната младост, поради повторувачки изгореници и претераното изложување на UV зраци. Една од причините е и таа што бебињата и малите деца ги немаат комплетно развиено механизмите за обновување на кожата.
Оштетувањето на кожата се случува пред да се видливи изгорениците – ризикот од долготрајно оштетување (рак на кожата), се зголемува дури и пред да има видливо црвенило на кожата.
Паметното изложување на сонце го намалува ризикот од оштетувања.видете изложување на сонце
Ако сепак се појават изгореници:
Лесните изгореници можат да се ублажат со ткаенина натопена во ладна вода, разблажен црн чај или млеко од путер. Лосиони за ладење и креми исто така може да помогнат. Не користете маслени креми! Ако се појават посериозни симптоми, како на пример повраќање, треска и грчеви, задолжително консултирајте се или посетете лекар!