Препораки за изложување на сонце
За поголема сигурност, следете ги овие препораки*:
1. Бебињата и малите деца не треба да се изложуваат на директна сончева светлина посебно во првата година од животот.
2. Избегнувајте излегување на сонце во пладневните часови ( помеѓу 11 и 15 часот)
3. Облекувајте се соодветно (со UV заштита)
- Шапка за сонце (со заштита на вратот)
- Долги тенки панталони
- Широка маичка со долги ракави
- Чевли или бебешки чорапи
- Очила за сонце кога детето е доволно пораснато
4. Пред излегување надвор, нанесете крем за заштита од сонце на сите незаштитени делови од телото на детето, како на пример задната страна на рацете, лицето и вратот.
5. Останете што е можно подолго под чадор за сонце или тенди.
Потребно е да знаете дека изгорениците од сонце ќе ги забележите откако штетата е веќе направена. Со овие препораки, вие и вашето дете ќе бидете сигурни! Овие препораки можете да ги примените не само кога сте на одмор и на плажа, туку секогаш кога времето е сончево.