Што можете да направите со сите мерни лажички од кутиите со млечни формули?

Дали некогаш сте се запрашале зашто во секоја кутија млечна формула додаваме мерни лажички? Ова е пропишано со закон за да можете секогаш точно да ја измерите потребната  количина млеко во прав.

Секако, после некое време ќе соберете голем број мерни лажички кои не ви се потребни. Еве неколку идеи како можете да ги искористите HiPP мерните лажички:

Играчки за на песок

Исто како со новите играчки, децата сакаат да си играат и со секојдневни предмети. Без разлика дали се празни теглички, кутичиња или пак капачиња, тие сакаат да си играат со нив. Зашто да не им ги дадете и HiPP мерните лажички кои не ви требаат повеќе? Може да се користат за градење на дворци, копање тунели и за правење на колачиња од песок.

Наш совет: Кога ќе завршат со играње со мерилките можат да ги поклонат на друго дете. 

Декорација за огледала или часовници

Со сините HiPP мерни лажички, старите огледала и часовници можат да се претворат во сјајно сонце. 

Потребно ви е: 

  • дршки од мерните лажички
  • часовник или огледало кое сакате да го декорирате
  • лепило
  • боја 

Како се изработува:

Залепете ги дршките по работ на часовникот или огледалото во круг, за да изгледаат како сончеви зраци. Обојте во кои бои сакате и готово! 

Сад за боја/вода

Мерните лажички може да се користат и како мали садови за мешање на бои или пак за чистење на четките.

Што треба да направите:

  • внимателно исечете ги дршките
  • израмнете ги внимателно рабовите каде што сте ги отсекле дршките за да не се повреди детето
  • сега можете да ги наполните со вода или пак да ги користите за мешање на боите

Готово!

Детски печати

Вашето малечко може да ги користи лажичките како печати и да создаде свое уметничко дело.

Потребно ви е:

  • мерни лажички
  • хартија 
  • боја 
  • четки

Што треба да направите:

  • земете четка и боја по ваш избор и обојте го дното на лажичката од надворешната страна 
  • притиснете ја обоената површина на хартија 

Ова е брз и едноставен начин да правите уметнички дела, а истовремено е и забавен. 

Дозерки за во кујна

Освен за дозирање на млечна формула, мерните лажички можете да ги користите за дозирање на:

  • кафе
  • брашно
  • шеќер
  • зачини
  • какао
  • чај

Играчка за развој на моторика

Искористете ја мерната лажичка и кутијата од млечната формула за да направите играчка за развој на моториката.

Потребно ви е:

  • празна кутија од млеко
  • неколку мерни лажички
  • ножици

Што треба да направите:

  • Исчистете ја убаво амбалажата од млечната формула.
  • Со ножиците исечете ја амбалажата и направете дупка во соодветната форма.
  • Децата можат да се менуваат додека се обидуваат да ја вметнат мерилката во кутијата.

Готово!

Наша препорака: Можете да исечете различни форми, за да можат децата да вметнуваат повеќе работи на пр. капачињата од HiPP тегличките или пак од HiPPiS-ите.