1901: Прв производ
Се рашири веста за успешното брашно од двопек за деца, од сопругот на Марија Хип, кое се разбира го продаваше и во продавницата. Џозеф Хип веќе снабдуваше неколку колеги пекари во почетокот на 20 век. На овој начин, ненамерно, продавницата за торти се разви во мала фабрика за брашно од двопек за деца, кое на крај со декади се продаваше во добро познатата амбалажа во жолто-црна боја.
Еден од неговите синови, Џорџ Хип (1905-1967) беше посебно активен во промовирање на брашното од двопек. Како 16 годишник започна да го рекламира во Минхен со продавање од врата на врата. Наскоро просториите на родителите станаа многу мали.
Па Џорџ Хип ја превзеде сегашната локација и формираше своја компанија во 1932 во Фафенхофен.