Контрола на квалитет
И покрај тоа што ние користиме внимателно избрани состојки за нашите производи, најдобриот начин за обезбедување оптимален квалитет се строгите контроли.
Повеќе од 260 проверки
Содржината на секоја тегличка поминува низ 260 проверки, почнувајќи од анализа на почвата, суровините и контрола на готовиот производ. Откако ќе се испорачаат суровините, нашите вработени ги проверуваат и само совршените продукти се одобрени за понатамошна обработка.
Лабораторијата на HiPP - пример за лабораторија во Европа
За контрола на суровините, продуктите и готовите производи, во нашата лабораторија се користат најсовремените методи за анализа. Нашата компанија ја има една од најдобрите акредитирани лаборатории во Европа која може да направи анализа на повеќе од 1200 параметри. Со примена на сите овие постапки, HiPP овозможува врвен квалитет на своите производи. Строгите контроли за квалитет и откривањето на скоро невидливи состојки во производите кои ги обработуваме, се суштинскиот елемент од HiPP филозофијата за тоа што треба да значи квалитет.