Пакување во “еко френдли” амбалажа
HiPP вложува исклучително многу напор за да го намали материјалот за пакување на минимум и да ја заштити животната средина. Сите нови амбалажи мораат да бидат еколошки посоодветни од суровината од која се произведуваат. Само материјали направени од рециклиран картон или еколошки влакна што претходно не се рециклирани, се користат како секундарно пакување.
Еднократна или повеќекратна употреба
Анализата направена во Институтот за Апликативна Екологија во Фрајбург, Германија, покажа дека HiPP тегличките што се фрлаат се по еко френдли избор споредено со тие што може повторно да се користат. Пакувањата што може повторно да се користат имаат предност единствено на пример во индустријата за пијалаци кога се користат стандардизирани стаклени тегли. Ако е ова остварливо, тогаш транспортните рути треба да бидат кратки. До сега, не е направен систем за еколошки исплатливо повторно користење на поединечните теглички за бебешка храна. Врз основа на тест резултатите, HiPP ja забрза еколошката оптимизација на веќе постоечкиот систем за теглички кои не се употребуваат повторно. На пример, тежината на стаклото е намалена за 15% во изминатите осум години.
Пластика и стакло – споредба
Институтот за Апликативна Екологија во Фрајбург беше најмен од страна на HiPP за да направи анализа на еколошките аспекти на пластичното и стакленото пакување бидејќи во асортиманот на HiPP се вклучени и пластични амбалажи од почетокот на 2010. Предностите од пластичната амбалажа за потрошувачите се малата тежина и тоа што не се кршат. Со појава на пластиката, количината на стаклените пакувања се намали за 18% во 2010 споредбено со 2009. Од друга страна, употребата на пластичната амбалажа се зголеми во просек поради зголемената побарувачка.
FSC и рециклирана хартија
HiPP употребува FSC – сертифицирани пакувања од влакна кои се добиваат од дрва за оние производи кои доаѓаат во директен допир со храната, на пример, ќесичките за чај, за да се спречи контаминација со остатоци од минерални масла од боите за печатење доколку се употребува рециклирана хартија. За најголем дел од HiPP пакувањата, се употребуваат бои за печатење од масла кои не содржат минерали. За премиум пакувањата како на пример кутиите за млеко, се користат растителни бои за печатење.