Органски одгледуван зеленчук
Нашиот органски зеленчук се одгледува природно
Органскиот зеленчук на HiPP се одгледува целосно природно, без употреба на хемиски или синтетички пестициди, инсектициди и вештачки ѓубрива. Нашите фармери се грижат за тоа посевите и почвата бидат во одлична состојба со користење на природно ѓубриво и интелигентен систем за ротација на посевите додека птиците и другите корисни инсекти се задолжени за контрола на штетниците. Ние овозможуваме соодветни живеалишта за овие наши мали помошници да можат да живеат на HiPP полињата: засадуваме жива ограда, ги заобиколуваме полињата со цвеќиња и ставаме куќарки за птиците. Сите овие активности се неопходни за да се заштити еколошката рамнотежа. Ние можеби произведуваме во многу помали количини, користејки природни методи, но ја заштитуваме климата, подземните води и со тоа го подобруваме квалитетот на нашите состојки. На пример, HiPP спанаќот содржи многу малку нитрати што е особено важно за храната за бебиња.