Органски одгледувано овошје
HiPP органско овошје:
Најдоброто за вашето бебе
HiPP овошјето поминува низ најстроги контроли за квалитет од цветањето до собирањето за да ги постигне највисоките органски стандарди. Ние употребуваме само овошни сорти кои се со ниска киселост. Им даваме време да созреат и да го развијат својот целосен вкус. Секогаш кога условите го дозволуваат тоа, употребуваме сорти од регионот и традиционални сорти. Нашите круши на пример, сортата шампањ, се многу стара сорта со богат вкус и се собираат во полиња со трева. Исто така ги контролираме штетниците на природен начин, на пример со заштита и поддршка на нивните природни непријатели, птиците и бубамарите. Екстракти од билки, пак, се употребуваат за да се спречи размножувањето на габи. Сите овие методи се во согласност со нашите принципи: без хемија само природа.
Органско и фер
Пример: Одгледувањето на банани во Коста Рика
Традиционалните и делумно вкусни банани од сортата "Gros Michel", растат во оптимални услови во џунглите на Коста Рика. Тие се богати со арома, имаат идеална содржина на шеќер за употреба во бебешка храна и никогаш нема да ги најдете на големи плантажи. Локалното население одгледува банани во висорамнините на џунглите со употреба на традиционални методи и со тоа го заштитува биодиверзитетот на џунглата.