Награди и признанија
Пресвртници на патот кон одржливоста
Заложбата за одржливост е документирана не само во наградите, туку и во големата доверба која HiPP ја добива од нашите потрошувачи. За HiPP ова значи високо признание и мотивација кон нови цели.
Прво место во рангирањето на списанието WirtschaftsWoche
25.05.2013
Потрошувачите (8400 учесници во анкетата) уште еднаш ја изгласаа HiPP како најодржлива компанија во Германија во 2013.
Ние сме многу благодарни за довербата која ни е укажана. Гласот на потрошувачите исто така го мотивира HiPP да ги задржи своите напори и да продолжи да гарантира сигурност и висок квалитет на своите органски производи. Веќе во 2011 и 2012 HiPP беше изгласана за најодржлива компанија во Германија во репрезентативни истражувања врз потрошувачите за списанието WirtschaftsWoch.
Уште еднаш, на ова рангирање во WirtschaftsWoche во 2013, HiPP беше избран за неприкосновен победник помеѓу 103 бизниси од 17 области. Второто и третото место отидоа кај производителот Miele и ланецот на дрогерии DM. Последните три места ги заземаа McDonald’s и компаниите за облека H&M и KIK.
Севкупно студијата покажа дека потрошувачите ја ценат посветеноста кон животната средина и социјалниот сектор исто колку и самиот производ.
CRS награда од Германската Федерална Влада
24.04.2013
HiPP ja освои првата награда како еден од најодговорните бизниси во Германија
HiPP ја освои наградата за својата извонредна посветеност во областа на животната средина и општеството, управување со компанијата, пазарот и работните места и е почестена од високото признание како најодговорен бизнис во Германија за својата големина (во категоријата 500 - 4.999 вработени).
2012 Германска награда за одржливост од Германската Федерална Влада
07.12.2012
HiPP добива награда за една од ТОП 3 најодржливите компании во Германија
На 7ми Декември 2012, во Диселдорф беа објавени добитниците на Германската награда за одржливост од Федералната Влада.Беа наградени апликантите поврзани со примерен економски успех, општествена одговорност и управување со животната средина и ресурси. Само деловните субјекти што можеа да докажат извонредни достигнувања во областа на управување со одржливоста и кои поддржуваат начин на размислување за одржливо општество преку претприемачки активности, можеа да дојдат до конечниот избор.
FAUN Категорија Одговорност и Одржливост
22.11.2012
Категорија Одговорност и Одржливост на FAON доделена од издавачите на Deutsche Standard EDITIONEN и Ernst & Young
Во соработка со издавачите на Deutsche Standard EDITIONEN, ревизорската компанија Ernst & Young, за прв пат во 2012 ја додели наградата FAON, награда специјална за германските семејни бизниси. Наградата се доделува за одлично водење на брендот во три категории: 1. Традиција и цврстина, 2.Одговорност и одржливост, 3.Иновации. Се применува во сите сектори и вклучува области на потрошувачи, услуги и индустрија. FAON - акроним направен од германскиот збор што значи „семеен бизнис“ - беше дизајниран од Олаф Салие, извршен директор на „Deutsche Standards EDITIONEN“ и дизајнер Даниел Бергс. Претставува дрво и симболизира корени, раст, обновување и солидарност - кон семејството и името на брендот. Стефан Хип беше награден во категоријата „Одговорност и одржливост“
Баварска награда за семеен бизнис 2012
21.03.2012
DIE FAMILIENUNTERNEHMER (ASU) and DIE JUNGEN UNTERNEHMER (BJU) ги награди семејните бизниси со Баварската награда за семеен бизнис за прв пат во март 2012 година во три категории „Одржливост“, „Иновација“ и „Социјална Посветеност“. Клаус Хип го освои второто место во категоријата “ Одржливост” за Hipp GmbH & Co. Vertrieb KG.
German Solar Prize
05.11.2011 година
На 5ти Ноември, EUROSOLAR, Европската асоцијација за обнолива енергија, го награди производителот на храна за бебиња од Пфафенхофен, HiPP, со German Solar Prize 2011.
За HiPP награда ја потврдува филозофијата која компанијата ја практикува повеќе децении. Еколошкото производство на храна за деца се провлекува како златна нишка низ историјата на компанијата. HiPP не е само пионер во органското земјоделие, туку и го воведе EMAS сертифицираното управување со животната средина во 1995 година и беше првиот производител на храна во Европа кој го стори тоа.
Со конзистентноста и спроведување на одржливоста, компанијата постојано штеди енергија и ресурси и во Германија сега произведува CO2-неутрално, без оглед на двојно поголемото производство. Бидејќи климатските промени се тесно поврзани со животните и растенијата што исчезнуваат, HiPP активно го поддржува зачувувањето на биолошката разновидност.
Признание за пактот за животна средина во Баварија
27.09.2011
Признание за долгогодишна посветеност во соработката за заштита на животната средина преку Баварскиот пакт за животна средина.
HiPP беше една од компаниите кои го потпишаа Баварскиот пакт за животна средина за “Заедничка заштита на животната средина” кој беше основан на 23ти октомври 1998. Како компанија пионер, на HiPP му беше врачена и награда за долгогодишна и примерна посветеност од министерот Söder, во текот на церемонијата во Residenzkirche во Минхен, заедно со другите основачки компании. “Целта на Пактот за животната средина е да се зајакне и дополнително да се развие посветеноста на Баварските компании во областа на заштита на животната средина, базирана на личната одговорност и доброволно дејствување. Членовите на пактот покажаа силен пример за придонес кон Баварија како одржлив еколошки простор за живеење” -вели Söder. Во текот на церемонијата, министерот им додели награди на 120 компании од Горна Баварија кои беа меѓу првите членови на овој пакт за животната средина.
Econosophen
06.04.2011
Минхен - на 6ти април, германската хуманитарна организација “Human Plus e.V” го награди производителот на детска храна Клаус Хип со “Econosophen”.
Наградата се доделува секоја година од интернационална хуманитарна организација на индивидуалци и бизниси кои покажуваат голема општествена одговорност и извонредни достигнувања. Human Plus e.V е призната организација за хуманитарна помош, чии што активности придонесуваат за ублажување на сиромаштијата и страдањето во многу земји низ светот од 1998.
Со поддршката на сиромашните деца од Хаити и Пакистан, Клаус Хип, традиционалниот претприемач докажа дека помошта за луѓето за него не е само работа, туку и повик. Ова беше причината за организацијата да ја додели наградата.
Pro Biokultura
На 27.11 2010, Директорот на HiPP Унгарија, Csaba Bódi, ја доби наградата Biokultura. Како дел од Science Day, оваа награда беше доделена за промовирање на еколошката култура.
Steiger Award во категотијата животна средина
13.03.2010
На 13ти март во Бохум е добиена наградата Steiger Award за толеранција и хуманост.
Клаус Хип ја беше награден во категоријата животна средина затоа што како бизнисмен, неговите вредности вклучуваат заштита и зачувување на природата со децении.
Германска награда за одржливост
06.01.2009
Германска награда за одржливост во категоријата “Најдобра набавка”
Наградата ја добива HiPP за внимателно и одржливо снабдување со суровини. Долго време компанијата следи континуирано управување на одржливоста на највисоко ниво во својот ланец на вредности. Принципите на одржливост се почитуваат од сите аспекти, почнувајќи од набавка до производство па се до продажба и администрација. HiPP ги имплементира овие принципи и во секторот набавки. На меѓународно ниво, HiPP e најголемиот процесор на органски суровини.
Награда за заштита на животната средина “Golden Flower of Rheydt”
13.09.2009
Овогодинешниот добитник на наградата Клаус Хип, веќе беше пионер во производството на храна за бебиња од строго органско земјоделство пред 30 години, и во тоа време веќе “размислуваше за храбар чекор нанапред” Lord Mayor Norbert Bude го награди почесниот гостин.
Клаус Хип не само што гарантира за органско земјоделство со своето име, во својот говор додаде Претседателот на бордот на доверители на наградната церемонија на Golden Flower, Д-р Gottfried Arnold, “Во изминатите години тој ги намали емисиите на CO2 во својата компанија за повеќе од 90% и повеќето од енергијата доаѓа од обновливи извори. Потрошувачката на вода се намали за околу 40% од произведен тон. Благодарение на Клаус Хип, општеството стана поеколошко, похумано и попромислено“, рече говорникот.