„Биодиверзитет во Добра Компанија“
Обединети во светска заедница
HiPP e инволвиран како член на Business and Biodiversity Initiative која потекнува од 2008 година на конференцијата на Обединетите нации од учесниците на конвенцијата за биолошка разновидност. “Биодиверзитет во Добра Компанија” e заедница на компании кои заеднички стојат зад заштитата на биолошката разновидност- во интерес на економијата и општеството.
Тие се обврзаа со “Mission Statement” и “Leadership Declaration” за да ја интергрираат заштитата на биолошката разновидност во управувачкиот систем на своите компании. Со потпишувањето на “Leadership Declaration” повеќе од 40 компании ширум светот сега го следат условот за поттикнување на биолошката разновидност како дел од системот за управување на компанијата. Важен придонес за коректна трговија беше направен на UN Species Conservation Conference in 2010 во Нагоја, Јапонија. Меѓу другото, беа дефинирани насоки за тоа како би требало профитот од употребата на биолошките суровини коректно да се подели помеѓу корисниците и земјите на потекло.
Повеќе информации може да најдете тука: www.business-and-biodiversity.de
HiPP е инволвиран во одржливоста и биодиверзитетот во бројни проекти.
Редовно соработуваме со невладини органиации и асоцијации како AöL (Асоцијација на производители на еколошка храна), B.A.U.M. (Германска работна група за управување со еколошко знаење), WWF, BUND, Deutscher Naturschutzring, Greenpeace, Bund Naturschutz Bayern, Bioland, Naturland и други бројни научни институции.