Фармата Ehrensberg
Во оддалечениот Ehrensberg, HiPP ги спроведува мерките за заштитта на животната средина и за подобрување на биолошката разновидност. Целта на оваа фарма е да се работи на одржлив и ефективен начин се до 2015 година како бизнис модел. Во иднина, таа ќе биде наменета да се користи како модел за производителите на HiPP.
Сакаме да покажеме како одржливоста и заштитата на биолошката разновидност може да се инкорпорираат во дневната рутина на фармата.
План за култивирање на полињата и собирање на научни податоци
Природните одлучувачки фактори за локацијата на фармите и обработливото земјиште даваат конкретни предлози за подобрување на разновидноста на видовите и зачувување на природата. Во овој проект, работиме заедно со Bioland, Техничкиот Универзитет во Минхен, и исто така со Советот на Баварија за заштита на птиците.
Со цел да се зголеми разновидноста на видовите, на фармата наоѓаат дом и ретки стари раси : оригиналните Braunvieh говеда, од кои само 500 се останати во Баварија, овцата Skudde (моментално 1000 животни во Германија) и старите видови на кокошки Appenzeller Spitzhauben.
Според Црвената листа на загрозени домашни животни, оригиналните Braunvieh говеда се многу загрозени. На фармата Ehrensberg, моделот на HiPP за одржливо сточарство, оваа раса се одгледува адекватно за нејзиниот вид. Оригиналните Braunvieh говеда потекнуваат од таканаречените Torfrind говеда, кои паселе покрај езерата на рабовите на Алпите и пред повеќе од 2000 години.
Заедно со Советот на Баварија за заштита на птиците(LBV), фармата Ehrensberg, спроведе различни проекти за повторно населување на животни како фазаните, амбарскиот був, жабата со жолт стомак, и малите рипки.
Сивата сврака е важен вид за целиот екосистем. Поради интензивното земјоделство има се помалку грмушки како природни живеалишта за птиците. Тие веќе припаѓаат на листата на загрозените видови. Оваа ретка птица е позната по тоа што своите жртви ги положува на трњата, според популарното верување, таа секогаш собира девет инсекти пред да ги изеде. HiPP создаде нови живеалишта за сивата сврака на Ehrensberg фармата и постави жива ограда (дрвца и гранчиња) на рабовите на полињата.
Хотел за инсекти и засолниште за гуштери се дизајнирани за да се надомести недостатокот на природни живеалишта за овие животни. На фармата се распоредени кутии за гнездење поради недостатокот на природни дупки за бувот, врапчињата, глувците, ластовичките, соколот и лилјаците.
Кутиите за гнездење се направени од природни трупци и треба да обезбедат место за размножување. Во последно време, за жал вообичаено е да се чистат остатоците од дрва во шумите (природните места за гнездење на многу птици). Поради тоа, кутиите за гнездење се нудат како алтернативно решение.
Многу луѓе би можеле да живеат без медот но не и без пчелите. Овие инсекти не само што произведуваат сладок производ, туку и пред се ги опрашуваат цвеќињата. Со тоа тие ја ообезбедуваат егзистенцијата на цвеќињата и осигуруваат добра жетва на земјоделците. Без овие животни, жетвата на овошјата би била во опасност. Кога пчелите умираат или се болни, тоа влијае на сите нас. Затоа HiPP е исто така инволвиран во заштитата на природните живеалишта на пчелите со проекти за биолошка разновидност. Фармата Ehrensberg е исто така дом на шест колонии на пчели, воспоставени како реакција на драматичниот колапс на пчелната популација.
Нови екосистеми како дрвореди, заштитни огради (на пр. за сивата сврака), живи огради и цветни ленти на рабовите на полињата и ливадите беа создадени да бидат живеалишта на рептили, птици, мали цицачи и инсекти. Принципот на живите огради не е за да се создадат нови огради со нивно садење, туку тие да се создадат со помош на семиња носени од ветерот. Гранките и стапчињата се натрупани како лабав ѕид, кој исто така обезбедува заштита на растенијата. Предностите на оваа конструкција се од една страна ефтина конструкција, а од друга, сплетот од дрва им нуди дом на бројни ретки инсекти.
Во конвенционалното земјоделство, полињата и ливадите се насадени на рабовите на шумите, за поголем принос. За да се поддржи биолошката разновидност и одржливоста, ние садиме диви огради од дрво и природни диви цвеќиња. Ова им обезбедува на животните да имаат место на живеење, заштита на стадата од ветерот и намалување на ерозијата на почвата.
Трите елементи на одржливо земјоделство на фармата Ehrensberg се:
стара раса на пасиштата, рабовите на полето заградени со жива ограда и природно засолниште за животните во Европските шуми.
Што се однесува до подобрување на квалитетот на почвата, во проект моделот се испробани различни методи, како на пример употребата на камено брашно за врзување на амонијак, фертилизација со цврсто ѓубриво и други природни методи. Исто така се користат и мерките за поддршка на здравјето на животните како употребата на ефективни микроорганизми или органска слама .
Многу работи влијаат врз квалитетот на почвата, особено во земјоделството.
- Преголемиот развој
- Хемискиот стрес од индустријата и земјоделството со долготрајни последици врз здравјето и капацитетот на почвата.
- Физички стрес од неправилен третман (тешка механизација и подлоги кои го оштетуваат чувствителниот состав на почвата, кое води до потреба од хемикалии за да се одржува приносот).
- Работа во погрешни временски периоди.
- Загуба на органските супстанции и со тоа загуба на способноста заради употреба на погрешни ѓубрива, погрешна ротација на земјоделските култури и неправилен третман на почвата.
- Оштетување на подземните води со неправилна употреба на земјиштето.
Принципот:
“Здрава почва-здраво растение-здрава личност и здраво животно” е мотото, исто како и принципите за одржливост кои се важни за зачувување на здравата почва; клучна е одржливоста во балансот на енергијата.
Дополнителни активности на HiPP за биодиверзитет
Моделот “ бизнис за биолошка разновидност” посветува посебно внимание кон земјоделството и можностите за подобрување на биолошката разновидност во оваа рамка. Вработените во HiPP веќе ги имаа првите искуства во овој проект, исто како и училишните деца, студентите и други групи кои пројавија интерес, затоа што HiPP нуди редовни тури низ фармата за да ја направи темата буквално ”опиплива”.
Поддршка на германската федерална фондација за животна средина (DBU)
Поради добрите резултати и позитивното искуство со проектот, одлучивме да го прошириме експериментот на одгледување на зеленчук и житарици. Заедно со други компании од Асоцијацијата на Еколошките производители на храна(AöL), HiPP ќе истражува методи за зачувување на биолошката разновидност на многу повеќе фарми до 2016 година.
Пристап и цели
Задачата е да се развие систем за евидентирање и проценка на биолошката разновидност и да се работи со резултатите на таков начин тоа да биде кредибилитетно и транспарентно пренесено на бизнисот со храна. Земајќи ги предвид функциите на видовите и населението, кои се важни за производството на фармата (“management based biodiversity”), треба да се обрати внимание и на видовите и разновидноста на биотопите која е важна за заштита на природата. (“природна заштита на биолошката разновидност“).
Заедно со AöL, Munich Technical University, Leibniz University of Hannover и партнерските бизниси, ние го истражуваме ефектот на земјоделството врз биолошката разновидност во рамките на веригата на вредности на еколошката храна. Се работи на тоа да се направат практични чекори за подобрување. Долгорочно можеме да им дадеме прагматични совети на производителите на HiPP за економични мерки за заштита на биолошкта разновидност и со тоа да до зголемиме бројот на специјални производители кои се пријатели на биолошката разновидност.