Стажантите во HiPP имаат значаен придонес врз биолошката разновидност
Младите стажанти во HiPP редовно земаат учество во кампањите за заштита на биолошката разновидност. Под водството на координаторот за одржливост на HiPP и со научна поткрепа од невладините организации, тие учат за врските во природата и откриваат што можат да направат лично за заштита на биолошката разновидност. Покрај тоа, прават вистински придонес кон заштитата на биолошката разновидност со садење на дрвја и поставување на амфибиски езерца.
Против генетскиот инженеринг на растенијата
HiPP активно е против зелениот генетски инженеринг и ги поддржува училиштата во едукацијата на младите за ризиците од хемијата врз земјоделието.
Рамнотежата помеѓу природата и видовите е сложен систем, со сопствени правила. За HiPP e важно да го запре ширењето на ГМО кое е опасно на секое ниво. Затоа HiPP активно го поддржува училишниот проект “Life out of control”, со кој the Bayrischer Lehrerverband e.V., Bund Naturschutz во Баерн (BN) и Bund Umwelt- und Naturschutz Deutschland (BUND) сакаат да ги едуцираат учениците за генетскиот инженеринг во земјоделието. HiPP се гледа себе си како особено одговорен за заштита на екстремното осиромашување на видови и раси кое е резултат на генетскиот инженеринг, и резултира со драматични последици по биолошката разновидност. Ова не е ништо помалку од основата за целиот живот и иднината на децата на нашата планета.