Заштита на климата и водата
Заштитата на климата и атмосферата е една од најважните теми на нашето време. Дознајте како HiPP ги користи обновливите енергии и технолошки иновации за да ја заштити климата и водата.
Употреба на обновливи ресурси
Одржливата употреба на ресурсите и заштитата на биолошката разновидност се клучни за нашето управување со одржливоста.
HiPP веќе направи значителен придонес кон заштитата на климата многу пред политиката да ги формулира целите за редукција на CO2. Од 1995 година, го променивме целото снабдување со енергија во фабриката во Фафенхофен и го насочивме кон употреба на обновливи извори на енергија (зелена електрична енергија, биомаса, соларна енергија) и сега производството е CO2 неутрално. Повеќе од 90% од енергијата која што се користи во Фафенхофен доаѓа од енергетски обновливи извори.
Емисијата на CO2 од останатите извори на енергија од фосилни горива (пр. на службени патувања) се компензира со светските климатски проекти.
Од 2001 година, целата топлина, топлата вода и потребите од водена пареа во фабриката на HiPP се покриваат со употребата на биомаса (дрвени деланки). HiPP беше награден како пример за употреба на обновливи извори на енергија со “German Solar Prize” во 2011 година.
Ние работиме со “зелена електрична енергија” од хидроелектрани - без нуклеарна енергија.
Од 2000 година па наваму, реализирани се шест соларни проекти, кои произведуваат во целост 52,800 kWh/a соларна енергија со помош на колектор со провршина од 436 m². Целиот органски отпад се користи за земјоделско производство на биогас. Секоја година, на овој начин се генерираат 2 милиони kWh електрична енергија.
Водата е најважниот извор во 21 век
Ние исто така даваме моќни импулси за ресурсите на вода. Со цел што повеќе да се зачува ова вредно добро, HiPP употребува технички иновации да ја намали употребата на водата за повеќе од две третини во последиве три децении.