HiPP упатсва за одржливост
Скалата на нашиот секојдневен бизнис
HIPP долго време е инволвиран во управувањето со одржливоста. Остваривме многу цели - вклучувајќи органско производство, CO2 неутрално производство, примерна пресметка на отпадот CO2, отпечатоци за производи, сеопфатно рециклирање, редукција на употребата на енергија и изворите на струја, вода, отпад, затоплување, мерки за биолошката разновидност и CSR и во 2009 составен систем за управување со одржливоста. Упатствата за животната средина кои ги создадовме во 1995 година за континуирано подобрување на заштитата на животната средина на компанијата се проширија за да ги вклучат и упатсtвата за одржливост.
1 | Со употребата на технологии кои се пријателски на животната средина, HiPP ја минимизира штетата. | ||
2 | Континуирано го мониторираме, документираме и проценуваме влијанието на компанијата врз животната средина. Евентуалните подобрувања се имплементираат во економски прифатливи параметри. | ||
3 | Имаме за цел да го задржиме на минимум оптоварувањето на околината со нови задачи, продукти и техники. Затоа секогаш го проценуваме потенцијалното влијание врз околината. | ||
4 | Наша цел е да ги штедиме ресурсите. Имајќи го ова на ум, приоритет даваме на обновливите извори во однос на конечните. | ||
5 | Како најголем преработувач на еколошки произведени суровини на светско ниво, ние сме обврзани за континуирано зголемување на количината на суровините. | ||
6 | За планирање на пакувањето, предвидуваме дека количината на материјал за пакување би требало да се држи на минимум, да се употребува максимално можно големо количество на секундарните и рециклираните материјали и ги охрабруваме алтернативите како системите за депозит и поврат. | ||
7 | Заштитата на животната средина во компанијата може да функционира само ако се вклучени и вработените. Затоа ние ја охрабруваме свеста за одржливост на нашите вработени со спроведување информации, обуки и редовно потсетување. | ||
8 | Континурано ги информираме потрошувачите за тоа како производите на HiPP се користат на начин пријателски за животната средина. | ||
9 | Јавното мислење го земаме многу сериозно. Редовно обезбедуваме информации за проектите за заштитата на животната средина и правиме особени напори да одговориме на повратните информации на јавноста секогаш кога тоа е возможно. | ||
10 | Ние сме во постојан контакт со властите со цел да го намалиме нашето влијание врз животната средина. | ||
11 | Со нашиот сеопфатен систем за управување со грешки, го минимизираме ризикот од несреќи и штетни ефекти на луѓето врз природата. | ||
12 | Системите за контрола гарантираат дека нашите цели за заштита на животната средина се остваруваат и ние секогаш се стремиме да ги проверуваме новите информации и ако е потребно да ги промениме нашите цели. | ||
13 | Во HiPP се почитуваат човековите права како забраната за злоупотреба на детски труд и присилена работа, дискриминација, казнување, принудување и корупција. | ||
14 | Во HiPP е дозволена едукацијата и/или членство во синдикатот. Платите, пркувремената работа и социјалните придобивки се во согласност со законските минимални стандарди, со цел да се обезбедат основните потреби и достапен приход на вработените. | ||
15 | Ги гарантираме соодветните национални законски мерки за безбедност при работа, здравствена и заштита на работната средина и поддршка за континуирано подобрување на условите за работа. | ||
16 | HiPP е компанија која ја поддржува заштитата на биолошката разновидност и создавањето на одржлива иднина во која вреди да се живее. | ||
17 | Добавувачите и давателите на услуги се исто така должни да ги следат нашите насоки во нашата директна сфера на влијание, како и во веригите пред и по снабдувањето (пр. добавувачи, логистика, фирми за отстранување на отпад). |