Skip to main content

Дали сте знаеле?

Дека јагодата од ботаничка гледна точка не е бобинка, туку е класифицирана како збирен плод?

Биолошки гледано, како плод не се смета јагодата како целина, туку плодот го сочинуваат  многуте мали жолти семчиња на површината. Еден од начините на размножување е кога овие семчиња кои остануваат на стеблото ќе се исушат и по одредено време ќе паднат на земјата. Другиот начин е кога на земјата се формираат млади растенија кои подоцна прераснуваат во јагоди.