Skip to main content

За сортата

Во планинските џунгли на Коста Рика, сортите на бананите како “Congo” и “Gros Michel” зреат во најдобрите услови за растење. Овие како и други локални сорти, не можат да се најдат на големи плантажи. Меѓутоа, само ароматичните сорти кои на бебешката храна и даваат идеален вкус се погодни за нашите органски производи. Кај органските банани, конзистенцијата исто така има клучна улога. Само со мешање на различни сорти, нашата каша го добива идеалниот состав. Нашите органски банани се берат кога се се’ уште зеленикави однадвор. Крајната фаза на зреење трае околу една седмица.

Исто така ние ги обработуваме и оние овошки кои не ги задоволуваат визуелните стадарди на пазарите – премногу мали, премногу дебели, премногу тенки, преголеми. Овошките се обработуваат на лице место, за да се избегне нивното расипување во текот на транспорт.