Skip to main content

Германија

Германија се наоѓа во Централна Европа и е карактеристична по три типа на релјеф:  Алпите и нивното подножје, ниските планински масиви со долините и сливовите и Северно Германските низини. На север и запад има океанска клима, со умерено топли лета и благи зими. На исток и југ климата е субконтинентална и се карактеризира со постудени зими и потопли лета. Приближно половина од земјиштето се користи за земјоделие, и HiPP исто така одгледува многу од своите суровини во Германија, како HiPP органските моркови, органските компири, органскиот пашканат и органските јагоди. Понатаму, приближно една третина од земјата е покриена со зимзелени и листопадни шуми. Тие обезбедуваат дом за тамошните видови на животни како дивите свињи, лисиците и елените.