Skip to main content

Аргентина

Аргентина е република во Јужна Америка и се карактеризира со три типа на релјеф: на исток има геолошки стари планини, на запад помлади планински масиви и помеѓу нив големо плато создадено од наслаги и наноси. На овој начин е поделена на сува шума, грмушеста савана, мочуришна плодна мешавина и плодна пампа. Поради големата површина и издолжена форма, Аргентина има различни климатски зони: на север и североисток од земјата климата е суптропска, додека во планинските региони може да биде и сува. На југ, од друга страна има сува и студена клима. Поради овие различни климатски зони, флората и фауната видно се разликуваат. Огромен дел од земјата се карактеризира со топла и умерена клима. Тука овошјата како HiPP органските круши успеваат особено добро, поради високите температури и високата влажност во текот на летото.