Мали
Мали се протега на запад од Африка и нема пристап на море. Околу две третини од земјата е пустина или полу-пустина. Ова ја прави земјата многу сува. Западот на Мали е главно рамен, а планините се наоѓаат на исток. Реката Нигер, со многубројните притоки тече низ југот, правејќи ја оваа област водна савана. Мали има три климатски зони: топла пустина на север, топла „сахел“ клима во централниот дел и суданска клима на југ. Вегетацијата во земјата одговара на секоја клима и варира од целосно пустинска на север до мочуришна савана на југ. Ова е единствената област каде е возможно земјоделие и тука HiPP го одгледува своето органско манго.