Нешто добро за Вашето бебе
Морковите имаат сладок вкус и заради тоа повеќето од бебињата ги сакаат. Дополнително, тие содржат многу бета каротен. Оваа состојка се трансформира во витамин А и е важна за очите, кожата и мукозните мембрани. Морковите исто така помагаат кај дигестивните проблеми. Професорот Ернст Моро веќе го знаел тоа: во 20- тиот век, како раководител на детската клиника во Хајделберг, лечел голем број на деца од дијареа со стар домашен лек – обична супа од морков.