Дали сте знаеле?
Дека во Западна Европа се смета дека свињите носат среќа?
Поседувањето на многу свињи во стариот Рим или Грција исто така значело дека луѓето имаат многу храна и затоа се привилегирани. Во модерна Германија, сè уште се симбол на среќа и затоа Германците го употребуваат идиомот ‘Schwein gehabt” (кој во буквален превод значи “ти се падна прасе”) за да опишат личност која е многу среќна.